Бугарските академици се огласија во врска со „северномакедонските“ астронаути

Како што Македонија е со години во чекалницата на ЕУ, така и Бугарија ќе почека барем пет години пред да размислува за праќање на астронаути во вселената.

1,043

Бугарија прво треба да помине пет години во процес да стане членка на ЕСА – Европската вселенска агенција, па потоа да размислува за праќање астронаути, објаснуваат денеска од Бугарската академија на науките, БАН, демантирајќи го Слави Трифонов кој се истрча на ЈуТјуб и рече дека ќе испрати двајца Бугари и еден „северномакедонец“.

– Во денешно време сѐ е можно, потребни се политичка волја и финансиски средства – изјави за бугарскиот портал 24 Часа, Георги Желев, кој е директор на Институтот за вселенски истражувања.






Изгледа дека како што Македонија е со години во чекалницата на ЕУ, така и Бугарија ќе почека барем пет години пред да размислува за праќање на астронаути во вселената.

Поврзани содржини