Бугарскиот европратеник Џамбаски објави писмо од бабата на Шекеринска: Еве за што се борел нејзиниот покоен сопруг! (ФОТО)
Како што може да се забележи на фотографијата, писмото е испратено во 1943 година од Штип, а испраќач е Радка Александрова Шекеринова.
Бугарскиот европратеник, Ангел Џамбаски, кој истовремено е и потпретседател на партијата ВМРО-БНД, на социјалната мрежа Твитер објави фотографија од писмо за кое тврди дека е сопственост на бабата на министерката за одбрана Радмила Шекеринска.
Како што може да се забележи на фотографијата, писмото е испратено во 1943 година од Штип, а испраќач е Радка Александрова Шекеринова.
„Ова е писмото испратено од бабата на Радмила Шекеринска, министерка за одбрана на РСМ, до директорот на одделот за пензии во кое бара помош. Забележете за што се борел нејзиниот покоен сопруг“, напиша Џамбаски на Твитер.
Това е писмото, изпратено от бабата на Радмила Шекеринска, министър на отбраната на РСМ, до директора на отделението по пенсиите, с което тя моли за помощ. Забележете за какво се е борил покойният ѝ съпруг: “За #Освобождението и #Обединението на #Македония, към майка #България“. pic.twitter.com/3DLTVj1fHk
— Джамбазки (@djambazki) November 10, 2020