БУГАРСКАТА ПАРТНЕРКА НА БОРАТ ВО ФИЛМ НА МАРВЕЛ Марија Бакалова како чуварка на Галаксијата
Причината поради која станав обожавателка на продукциската куќа „Марвел“ се токму „Чуварите на галаксијата“. Има хумор, срце и има мигови кога навистина можеш да плачеш. Моето приклучување на последниот дел од овој серијал ми е најголем подарок - изјави бугарската актерка.
Марија Бакалова, ѕвездата на филмот „Борат 2“, којaшто беше номиниранa за „Оскар“, го официјализираше своето деби во универзумот на „Марвел“. Таа му се придружи на режисерот Џејмс Ган и екипата на филмот со суперхерои „Чувари на Глаксијата, 3. дел“, додека го претставуваа новиот трејлер за вселенската авантура на годинашната стрип-конференција во Сан Диего, САД.
– Причината поради која станав обожавателка на продукциската куќа „Марвел“ се токму „Чуварите на галаксијата“. Има хумор, срце и има мигови кога навистина можеш да плачеш. Моето приклучување на последниот дел од овој серијал ми е најголем подарок – изјави бугарската актерка.
Во звучната актерска екипа на третиот дел на „Чуварите на Галаксијата“ се и Крис Прат, Зои Салдана, Вин Дизел, Бредли Купер, Карен Гилан, Силвестер Сталоне, Елизабет Дебицки и други познати глумци. Киноприкажувањата се закажани за од 5 мај 2023 година.