БУГАРСКА ДЕЛЕГАЦИЈА ВО СРЕДА ПАТУВА ЗА КИЕВ Нема испорака на оружје, само шлемови и елеци

Социјалистичката партија на Бугарија предупреди дека ќе се повлече од коалицијата на Петков доколку воена опрема од Бугарија биде испратена во Украина. Истовремено, Демократската партија, рече дека ќе го стори истото доколку Бугарија одбие да испорача оружје на Киев, пишува Блумберг. Премиерот вети дека „ќе бара дијалог во коалицијата“.

325

Делегацијата на владејачката коалиција во Бугарија в среда ќе отпатува за Киев, изјави премиерот Кирил Петков за bTV. Како што јави дописникот на МИА од Софија, Петков најави дека делегацијата предводена од него ќе ги предаде шлемовите и елеците кои се помош од Бугарија.

Втората задача, според Петков, е владејачката коалиција во Бугарија заедно да покаже поддршка за Украина, а да се биде таму е симболично. Третата задача ќе продолжи да се разговара за прашањето за враќањето на бугарскиот брод од Црното Море.






Кирил Петков повтори дека би бил среќен Бугарија да ѝ пружи воена помош на Украина, но како премиер неговата цел е да се погрижи владејачката коалиција да излезе со заеднички став. Бугарската делегација ќе отпатува за Полска, од каде ќе продолжи за Украина.

Социјалистичката партија на Бугарија предупреди дека ќе се повлече од коалицијата на Петков доколку воена опрема од Бугарија биде испратена во Украина. Истовремено, Демократската партија, рече дека ќе го стори истото доколку Бугарија одбие да испорача оружје на Киев, пишува Блумберг. Премиерот вети дека „ќе бара дијалог во коалицијата“.

Иницијативата за посета на Киев, која доаѓа по притисокот од јавноста, ја најави бугарскиот премиер по четиридневната посета на Софија на министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба.

Поврзани содржини