БУГАРИТЕ ПОЛЕКА ОМЕКНУВААТ ВО ВРСКА СО НАС? Секој трет би го кренал ветото кон Македонија

Секој трет Бугарин, или 29,6 отсто од испитаниците би нѐ пуштиле да почнеме преговори со ЕУ без решен спор, што е за зголемување за 13 отсто во однос на минатиот ноември. Сепак, две третини од Бугарите сметаат дека досегашните преговарачки позиции земјите треба да ги задржат и уште да ги надградат, а само една четвртина смета дека и двата соседи треба да изградат сосем нови позиции во спорот.

569

Расте процентот на граѓани во Бугарија кои сметаат дека треба да се крене бугарското вето и да се каже „да“ за почеток на преговорите меѓу Македонија и ЕУ без претходен договор за отворените прашања. Ова е мислењето на скоро секој трет Бугарин, односно на 29,6 отсто од испитаниците, што е зголемување за околу 13 отсто во однос на ноември 2020 година, покажува истражувањето на јавното мислење спроведено од „Алфа Рисрч“ презентирано за време на познатата неделна коментаторска емисија „Референдум“ на Бугарската национална телевизија посветена на бугарско-македонските односи.

фото: МИА

 






Според анкетата, речиси 61 отсто од бугарските граѓани сметаат дека Македонија треба да стане членка на Европската унија. Во одговор на прашањето – кој е фундаменталниот интерес на Бугарија за членство на РСМ во ЕУ, ако се остават настрана спорните прашања, 60,9 отсто од Бугарите се изјасниле дека земјата треба да стане членка на Унијата, наспроти 32,2 отсто од испитаниците кои се изјасниле дека Македонија не треба да стане членка на ЕУ.

фото: МИА

 

На прашањето – дали Бугарија треба да каже „да“ на почетокот на преговорите во Македонија без да се постигне договор за отворените прашања, со „да“ одговориле 29,6 отсто од испитаниците, што е зголемување за околу 13 отсто во однос на одговорите дадени во анкетата во ноември 2020 година, кога 16,9 отсто одговориле потврдно. Од анкетираните, 69 отсто сметаат дека не треба да се дозволат преговори без да се решат отворените прашања. Во ноември 2020 година, овој сооднос изнесуваше 81,1 отсто.

Мнозинството од анкетираните, како и бугарскиот премиер Кирил Петков, веруваат дека сегашните позиции на владите треба да се надградат. Анкетата на Алфа Рисрч, исто така покажа дека 61,9 отсто од испитаниците веруваат дека новите влади на Бугарија и Северна Македонија треба да ги задржат своите сегашни позиции, но и да ги надградат за да ги деблокираат преговорите на Македонија со ЕУ. Од испитаниците 12,4 отсто сметаат дека треба да се зачуваат сегашните позиции, а 25,7 отсто се со став дека треба да се изградат целосно нови позиции. нк/вг/

Поврзани содржини