БУГАРИТЕ ДА ВЛЕЗАТ ВО УСТАВОТ, А НИЕ ДА СЕ ОТКАЖЕМЕ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ВО БУГАРИЈА Има европска иднина за граѓаните на Албанија, не за граѓаните на Македонија

Генчовска бара Бугарите да бидат во Уставот, а бара ние да се откажеме од Македонците во Бугарија. Дали е тоа реципроцитет? Можам и други примери да дадам, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

1,710

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вели дека протоколот со којшто Македонија треба да исполнува бугарски желби ја отвора вратата за преговори за Албанија, но не и за нашата држава.

Според Мицкоски, сето ова претставува дипломатски нокаут и капитулација.






Тој посочи дека за почеток на преговорите ќе треба промена на Устав и вметнување на Бугарите, а тоа нема да се дозволи од ВМРО-ДПМНЕ. Со ова, Мицкоски смета дека ќе може да се промени преговарачката рамка, пред да биде усовена.

– Како дипломатски нокаут и капитулација. Тој протокол ја отвори вратата за преговори на Албанија, а ја подзатвори за Македонија. Како што Генчовска кажа, вистинската Меѓувладина конференција нема да се одржи сега, туку со промена на Уставот. А дека тоа нема да се случи гарант е ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи власта нема двотретинско мнозинство во Парламентот. Генчовска даде пример дека не го признава македонскиот јазик, дали ние ќе одговориме дека не го признаваме бугарскиот јазик. Генчовска бара Бугарите да бидат во Уставот, а бара ние да се откажеме од Македонците во Бугарија. Дали е тоа реципроцитет? Можам и други примери да дадам. Но во суштина зборуваме за дипломатски нокаут за Македонија. Има европска иднина за граѓаните на Албанија, не за граѓаните на Македонија – кажа Мицкоски.

Тој вели дека сѐ уште трае анализата за собирање на потписи за референдумот.

– Тоа се сериозни работи. Во периодот што следи ќе се консултирам со експерти од оваа област за јасно да го дефинираме прашањето и методологијата со која ќе излеземе пред граѓаните. Ова се сериозни работи, а ние сме сериозни луѓе кои сакаме кога ќе излеземе пред граѓаните со одредено барање, тоа да се темели на факти и правни, но и да немаме простор за дополнителни толкувања дека тоа можело да биде сфатено поинаку – рече денеска Мицкоски.

Тој напомена дека во следниот период ќе се консултира со експерти од оваа област, од уставно право и јасно ќе ја дефинираат методологијата.

– Но, суштината ќе е процесот на билатерални разговори и преговори со Бугарија и протоколи, така што процесот на менување на Уставот и вклучување на дел од бугарскиот народ во преамбулата и во нормативниот дел е друг процес, и трет процес е прифаќање на предлог преговарачката рамка. Тие три процеси не треба да ги поврзуваме еден со друг, иако некои сакаат да ги поврзат – додаде Мицкоски.

Поврзани содржини