БУГАРИТЕ БАРААТ АВИОКОМПАНИЈА ДА ЛЕТА СОФИЈА-СКОПЈЕ 170 километри воздушна линија ги разделува двата града

Воздушната линија меѓу македонскиот и бугарскиот главен град е 170 километри. Во раните деведесетти, неколку месеци меѓу 1991 и 1992 година, нашата авиокомпанија Палер“ летала меѓу Скопје и Софија со изнајмен авион од бугарската „Балкан Ер“. Оттогаш летови нема.

4,826

Бугарската влада преговара со неколку авиокомпании кои би можеле да летаат на релација од Софија до Скопје, а за тоа нема правна пречка бидејќи Македонија и Бугарија имаат потпишано меморандум за соработка во 2015 година, вели бугарскиот министерот за транспорт, Николај Субаев за националната телевизија БТВ.

– Имаме интензивни подготовки и сме во преговори со различни авиокомпани коишто изјавиле интерес – изјави Субаев.






Субаев требаше да биде дел од делегацијата на новиот бугарски премиер Кирил Петков за која сепак, нема да ја посети Македонија на 18 јануари, откако се дозна дека Петков  е во карантин бидејќи бил во контакт со лице позитивно на коронавирусот.

Воздушната линија меѓу македонскиот и бугарскиот главен град е 170 километри. Во раните деведесетти, неколку месеци меѓу 1991 и 1992 година, нашата авиокомпанија Палер“ летала меѓу Скопје и Софија со изнајмен авион од бугарската „Балкан Ер“. Оттогаш летови нема.

Поврзани содржини