БУГАРИЈА СЕ ПЛАШИ ОД ПРАЗНИ ПУМПИ ВО БУРГАС И ОД ПРОРУСКО СЦЕНАРИО? Софија бара обиколен пат околу санкциите за Лукоил
Рафинеријата во Бургас произведува речиси 80% од горивото за Бугарија. Меѓутоа, експертите сметаат дека бугарската влада нема јасен план за евентуално повлекување на „Лукоил“. оранешниот министер за екологија во земјата, Јулијан Попов, истакнал дека државата мора да ја преземе оперативната контрола врз рафинеријата, под надзор на меѓународен комитет од адвокати и инженери.
Владата во Софија веќе размислува да побара изземање од мерките за руската компанија „Лукоил“, стравувајќи од недостиг и од протести што би ја дестабилизирале државата, јави Политико.
Според изворите на медиумот, Бугарија побарала од американската администрација објаснување дали е можен временски рок пред стапување во сила на санкциите, планирани за 21 ноември. Владата предупредила дека вакв удар би можел да ги засили политичките тензии и да ја зголеми поддршката за претседателот Румен Радев, кој веќе најави создавање нова политичка партија.
Рафинеријата во Бургас произведува речиси 80% од горивото за Бугарија.
Меѓутоа, експертите сметаат дека бугарската влада нема јасен план за евентуално повлекување на „Лукоил“. Поранешниот бугарски министер за екологија Јулијан Попов истакнал дека државата мора да ја преземе оперативната контрола врз рафинеријата, под надзор на меѓународен комитет од адвокати и инженери.
– Недостигот на гориво е реален ризик ако не се најде решение – изјави Попов.
Од друга страна, некои аналитичари се сомневаат дека Радев би можел да ја преземе власта ако не биде одобрено изземање. САД, предводени од претседателот Доналд Трамп, минатата недела воведоа санкции против „Роснефт“ и „Лукоил“, поттикнувајќи неколку европски држави да побараат специјални дозволи за продолжување на нивното работење, јави Политико.