БУГАРИЈА ОБЕДИНЕТА ВО АНТИМАКЕДОНСКАТА ПОЛИТИКА Бојко Борисов им се заблагодари на европратениците
Благодарејќи им на бугарските европратеници кои обединето издејствуваа од Извештајот за Македонија да бидат избришани зборовите македонски идентитет и јазик поранешниот бугарски премиер и влијателен политичар додаде и дека им подава рака на пријателите од Северна Македонија „да продолжиме заедно напред“.
„Ова е јасен знак дека кога Бугарија е обединета, кога сите наши европратеници, институции и политички сили дејствуваат заедно можеме да постигнеме резултати и да го браниме националниот интерес на највисоко ниво во Европа! Посебна благодарност до Андреј Ковачев и нашето семејство – Европската народна партија!“,
Вака изјави поранешниот бугарски премиер и лидер на партија ГЕРБ Бојко Борисов за гласањето за Извештајот за Македонија во Европарламентот, јави агенцијата БГНЕС. Со гласањето Европарламентот ги отфрли сите текстови поврзни со „македонскиот идентитет и јазик“ од извештајот.
– Во последните недели одржав голем број разговори со европски лидери и претставници на водечки политички семејства во ЕУ. Јасно објаснив дека европските документи не треба да се користат за националистичка пропаганда, туку треба да им служат на вистината и добрососедството. Драго ми е што гласот на Бугарија беше слушнат – додаде Борисов.
Поранешниот бугарски премиер и актуелен влијателен политичар вели и дека покрај ситуацијата им подава рака на пријателите од Северна Македонија.
– Повторно им подавам рака на нашите пријатели во Северна Македонија – да продолжиме заедно напред, врз основа на почитување и спроведување на Договорот за пријателство и добрососедство. Во мене и во лицето на Бугарија, тие секогаш ќе имаат искрен и близок партнер.
Европарламентот усвои извештај за Македонија, во кој се избришани сите делови каде стои „македонски јазик“ и „македонски идентитет“.
Известувачот за Македонија од Европарламентот, Томас Вајц, за усвојувањето на извештајот пред пратениците изјави дека „за жал, некои бугарски европратеници го искористија извештајот за домашни цели“, пишува Вајц.