БУГАРИЈА НИ ГО УРЕДУВА ЗАКОНОДАВСТВОТО! Македонската влада прифати поданичка улога, обвини ВМРО-ДПМНЕ

Додека оваа власт на СДСМ и ДУИ се покорува, бугарската влада е уште порешителна во одбраната на своите позиции. И не се откажуваат од „Цар Борис Трети" – рече портпаролката Митева.

193

СДСМ и дозволува на Бугарија да го уредува македонското законодавство на штета на македонските национални интереси, обвини вчера ВМРО-ДПМНЕ преку прес конференција на портпаролката на партијата Марија Митева.

Намерата на Бугарија е да го уредува македонското законодавство, што се гледа во реакцијата на официјална Софија, со став дека Законот за здруженија и фондации е всушност против бугарските здруженија. Бугарското МНР минатата недела изрази загриженост поради фактот што дури и власта со 67 гласа ЗА го поддржа и ги изгласа измените на законот за здруженија и фондации, и немаше ниту еден глас против. По ваквите реакции на Софија, власта на СДСМ и ДУИ со покорувачки чин преку прес конференција одржана од Бујар Османи и тоа од Софија, најави дека ќе и препорача на нашата Влада по неодамна усвоените измени на Законот тој да биде испратен до Венецијанската комисија, со цел таа да утврди дали навистина во него има нешто спорно, како што тврди Софија. Додека оваа власт на СДСМ и ДУИ се покорува, бугарската влада е уште порешителна во одбраната на своите позиции. И не се откажуваат од „Цар Борис Трети” – рече Митева.






Таа ја обвини Владата дека по секоја цена сака да ѝ се допадне на Бугарија притоа им нанесува ненадоместлива штета на македонскиот народ и македонската држава.

– Владата очекува и се надева дека Венецијанската комисија ќе го потврди таквиот став. Имено, сега ретерираат и велат Законот ќе биде дел од скрининг процесот што практично значи дека без прифаќање на истиот од страна на Бугарија, Македонија ќе биде повторно под вето од Бугарија. Тоа значи дека власта дозволува и одобрува во Македонија да се формираат здруженија што ќе шират национална омраза и нетрпеливост. Овој клуб провоцира и носи име на човек кој што во македонската историја нема добра улога, кој бил соработник на нацистите во Втората светска војна. Ова е скандалозно, ова ниту една држава не го дозволува во светот, тоа е спротивно на сите меѓународни стандарди – рече Митева.

Поврзани содржини