БУГАРИЈА КОНЕЧНО ЌЕ НИ ДОНИРА ВАКЦИНИ 51.480 Фајзерови „Комирнати“ ќе стигнат во Македонија
Според договорот, иако е донација, транспортот и доставата на вакцините во земјата и други можни трошоци ќе бидат на товар на Македонија.
„Фајзер“, Македонија и Бугарија потпишале договор со кој Бугарија ќе ѝ донира 51,480 „Комирнати’“ вакцини на нашата земја, јавува бугарска БТА. Освен овој тристран договор, Македонија и Бугарија потпишале и сопствен двостран договор за донацијата.
Според договорите, иако е донација, транспортот и доставата на вакцините во земјата и други можни трошоци ќе бидат на товар на Македонија.
Вакцината „Комирнати“ е вакцина која е заеднички развивана од компаниите „БиоНТек“ и „Фајзер“ и е одобрена за употреба во ЕУ. Со неа можат да се вакцинираат сите кои имаат над 12 години, а ефиксноста на вакцината е 95 проценти.