Бугарија испаѓа најбахатата членка на Унијата и ја девалвира заедничката иднина

2,627

Софија со меморандумот до ЕУ каде тврди дека Македонците се проект на Тито, а македонскиот јазик е норма на бугарскиот, ја дозакопува европската идеја за креирање на заедница и сведува сѐ на простите национални интереси, зад кои во суштина се крие логиката на размена и економско-финансови интереси за одржување на тесни стабилократски политички елити.

Во време на пандемија која полека го убива и национал-популизмот, Бугарија испаѓа најбахатата членка на Унијата, и ја девалвира не само идејата, туку целата суштина, форма и потреба за заедништво и заедничка иднина.






Една од причините за тоа е изживувањето со помалиот и послабиот или оној кој доаѓа после тебе.

И така убиена е секоја идеја за ЕУ да ја надмине државата-нација и нејзиниот архајско-хиерархиско-централистички резон, на држави и државички кои не веруваат дека народот може да партиципира, кои не сакаат моќта да се дисперзира, кои не сметаат дека различниот јазик, култура, традиција, религија, не се во контрадикција со федеративните напори, туку се нејзин основен предуслов.

Затоа и Бугарија цело време инсистира на заедничко нешто, зашто е неспособна да ги прифати објективните разлики.

Кога веќе е така, треба да се напушти идејата дека Европа ќе се федерализира без федерализатор.

Некој посилен и помоќен, кој веќе со години го толерира криминалот на бугарската држава, би требало да ги доведе во ред бугарските власти и да го прекине овој понижувачки и деструктивен синџир на компромиси врз грбот на помалиот.

Или тоа, или идејата за Европа како политичко-културна сила, бастион на демократските вредности, која ќе знае да ги преточи своите апели за човекови права и еднаквост во позитивно право и солидни норми, која ќе постои против неправдите и нееднаквостите, дајте еднаш засекогаш да ја заборавиме.

Во спротивно, остануваме со обичен регулатор кој не регулира, туку само толерира неправди.

Федераторот знаеше да се извини за своите гревови, и да премине во морална вертикала за континентот, и некој од тој Берлин треба да ја доведе во ред Софија.

Или да се откажеме од секоја чесна идеја и вредност.

Не знам, можеби за тоа што е невозможно на овој свет, подобро е да се молчи.

(Фејсбук статус на авторот)

Поврзани содржини