БУГАРИЈА И РОМАНИЈА ИЗВИСИЈА Европските министри одлучија Хрватска да влезе во Шенген
Министрите за внатрешни работи на 22 земји-членки на ЕУ кои се и членки на Шенген, денеска донесоа конечна одлука за „целосна примена на правото на Шенген во Република Хрватска", што значи укинување на граничните контроли кон Шенген зоната.
Со едногласна одлука на состанокот на министрите за внатрешни работи на земјите-членки во Брисел, Хрватска станува 27-ма членка на Шенген зоната и за помалку од еден месец ќе се укинат граничните контроли на копнените и поморските гранични премини, а на пролет и на аеродромите.
Министрите за внатрешни работи на 22 земји-членки на ЕУ кои се и членки на Шенген, денеска донесоа конечна одлука за „целосна примена на правото на Шенген во Република Хрватска”, што значи укинување на граничните контроли кон Шенген зоната.
Во исто време, Бугарија и Романија не добија зелено светло на состанокот. Австрија беше против приемот на двете земји, а Холанѓаните против Бугарија.