Бугарија и Израел заеднички ќе се борат против ковид-19
Бугарскиот премиер Бојко Борисов изрази уверување дека во блиска иднина Бугарија и Израел ќе можат да го ограничат ширењето на пандемијата на нивните територии, а односите меѓу двете земји ќе се вратат на нивното претходно активно ниво.
Премиерот на Бугарија, Бојко Борисов во телефонскиот разговор со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху се договорија да ја интензивираат соработката во борбата против пандемијата со ковид-19, јави дописникот на МИА.
– Израел постигнува исклучително високи резултати во борбата против коронавирусот – рече премиерот Борисов, при што додаде дека Бугарија е земја со најмали рестриктивни мерки во Европската Унија и во исто време успева да ја контролира пандемијата.
Борисов изрази уверување дека во блиска иднина Бугарија и Израел ќе можат да го ограничат ширењето на пандемијата на нивните територии, а односите меѓу двете земји ќе се вратат на нивното претходно активно ниво.
Борисов и Нетанјаху, исто така, се согласија да работат на олеснување на патувањето меѓу граѓаните на двете земји.