БУГАРИЈА ЌЕ НИ ДОНИРА 51.480 ДОЗИ ВАКЦИНА ПРОТИВ КОРОНАВИРУС Договорот за донацијата на ратификација кај бугарските пратеници
Бугарското собрание треба да го ратификува трипартитниот Договор за донација меѓу Бугарија и С Македонија и „Pfizer Inc.“ и „BioNTech Manufacturing GmbH“ за управување и координација на донацијата за вакцини против ковид-19.
Бугарската Влада на денешниот седница одлучи да му предложи на Народното собрание да го ратификува трипартитниот Договор за донација меѓу Бугарија и С Македонија и „Pfizer Inc.“ и „BioNTech Manufacturing GmbH“ за управување и координација на донацијата за вакцини против ковид-19.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, треба да се потпише билатерален договор за донација помеѓу Бугарија и С Македонија.
Договорот предвидува Бугарија да донира 51.480 дози од вакцината „Комирнати“.
Бугарската Влада, исто така, одлучи да предложи договор за препродажба на вакцини против ковид -19 на Кралството Норвешка, за вакцини на „ Moderna Switzerland GMBH“. Договорот предвидува препродажба на 100.000 дози „Spikevax“. Сите трошоци за испорака да ги сноси Норвешка.
Владата во Софија, исто така, одлучи да го одобри нацрт трипартитниот договор за донација на вакцини против ковид -19 меѓу Бугарија, Бангладеш и „Астра Зенека“.