БУГАРИЈА ДОБИ ПОНУДА ЗА УШТЕ ОСУМ Ф16-КИ Една милијарда и 320 милиони долари
Бројот на авиони е ист, но со таа разлика што за првите авиони има шест единечни, и два двоседи „Искри“, за вторите соодносот е четири спрема четири. Овој пат Бугарија ќе добие и поголемо придружно вооружување за новите американски воени авиони, категорично изјави Заков.
Министерот за одбрана на Бугарија, Драгомир Заков на состанокот на собраниската комисија за одбрана соопшти дека понудата за вторите осум авиони Ф-16 Блок 70 е една милијарда и 320 милиони долари.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, Заков пред неколку дена изјави дека пристигнала понудата од САД за вторите осум борбени авиони Ф-16. Сумата е приближно иста како онаа од првиот договор, која е една милијарда и 256 милиони долари, но пакетот за вооружување е многу поголем и имаме право на одложено плаќање, рече министерот Заков.
– Бројот на авиони е ист, но со таа разлика што за првите авиони има шест единечни, и два двоседи „Искри“, за вторите соодносот е четири спрема четири. Овој пат Бугарија ќе добие и поголемо придружно вооружување за новите американски воени авиони – категорично изјави Заков.