БУГАРИЈА ЈА СПУШТА РАМПАТА ЗА ТУРИСТИТЕ ОД МАКЕДОНИЈА Прво излезете од црвената зона, па дојдете на скијање!

Во документот потпишан од бугарската министерка за здравство Асена Сербезова, е наведено дека границата ќе можат да ја преминуваат учениците, студентите и докторандите од Македонија, но ќе бидат задолжени да приложат документ/уверение дека студираат во Бугарија.

14,982

Ако сте наумиле деновиве да заминете на скијање или на патување во Бугарија, најдобро би било да ги смените плановите, оти од задутре нема да ви биде дозволено да ја поминете границата.

Нашиот источен сосед донесе одлука да ги затвори границите за македонските граѓани, освен за оние што имаат бугарски пасоши или имаат престој во земјата, а како што информираат од Амбасадата на Бугарија во Скопје, ваквата мерка стапува на сила поради тоа што Македонија длабоко е навлезена во црвената ковид-зона.






– За жал, на туристите од Македонија нема да им биде овозможено да патуваат во Бугарија, бидејќи на граничниот премин ќе биде спуштена рампата за сите македонски граѓани. Станува збор за мерка којашто се носи поради зголемената заразеност со коронавирусот во Македонија, но и поради тоа што земјата се наоѓа во црвената ковид-зона. Ваквата одлука ја носи бугарскиот министер за здравство и почнува да важи од 19 јануари, а границите ќе останат затворени до 31 март – ни изјавија од Амбасадата на Бугарија.

Во документот потпишан од бугарската министерка за здравство Асена Сербезова, е наведено дека границата ќе можат да ја преминуваат учениците, студентите и докторандите од Македонија, но ќе бидат задолжени да приложат документ/уверение дека студираат во Бугарија.

Исто така, се наведува во документот, рампата на граничниот премин ќе биде крената и за возачите на камиони кои вршат професионален транспорт.

Поврзани содржини