БУЧКОВСКИ ЗБОРУВА ЗА НЕИЗВЕСНОСТ, А ВЛАДАТА Е СИГУРНА ЗА ДАТУМОТ Опозициската ВМРО-ДПМНЕ смета дека неуспехот е неминовен

Владо Бучковски зборува за неизвесност, додека владата е сигурна дека само што не сме добиле датум за преговори, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

908

Специјалниот претставник на македонската влада за Бугарија, Владо Бучковски, само што призна дека премиерот во заминување Зоран Заев е најслабата карика и бранејќи го лидерот „без кој не се може“ го потврди неуспехот кој оваа влада го има на меѓународен план, реагираше опозициската ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

„Бучковски зборува за неизвесност, додека владата е сигурна дека само што не сме добиле датум за преговори. Бучковски со истиот наратив како Заев пред две години се обидува да внесе несигурност кај јавноста и граѓаните најавувајќи неизвесност за државата, која исто како и соседна Бугарија е членка на НАТО. За каква неизвесност зборува Бучковски кога неговиот лидер уште во 2019 година говореше дека ги решил сите прашања со соседите па го потпишаа договорот со Бугарија? Исто и тогаш кога го потпишаа договорот со Бугарија се тврдеше дека сега е моментот, немаме време за чекање, мора да се договориме со Бугарија, само што не сме добиле датум за преговори. После толку лажни датуми за преговори и неуспехот од преговорите со Бугарија на специјалниот миленик на Заев, Бучковски сега го брани лидерот кој му го продолжи мандатот за плус 12.000 евра хонорар годишно“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.






Бучковски со своите ставови само што призна дека Заев е најслаба карика, а бранејќи го лидерот „без кој не се може“ го потврди потфрлањето и огромниот неуспех кој оваа Влада го има на меѓународен план, особено во преговорите со Бугарија, наведено е во соопштението.

„Останувањето на Заев, оваа влада и специјалните хонорарци како Бучковски на власт носи несигурност за функционирањето на државата воопшто. Бучковски може да се пофали само со доброто конто и заштита на бизнисите кои Заеви ги имаат во Бугарија, а на штета на националните интереси. Оваа влада на чело со Заев нуди само минато и штетни договори, со оваа влада на СДСМ нема никаква иднина и просперитет за македонскиот народ“, соопшти партијата на Христијан Мицкоски.

Поврзани содржини