БУЧКОВСКИ НЕ Е ПОВЕЌЕ СПЕЦИЈАЛЕН ПРЕГОВАРАЧ СО БУГАРИЈА Владата го разреши без образложение

Ваквата точка поминала како дел од дневен ред за кадровски прашања, но притоа не се наведени причини за разрешувањето.

948

Владата на денешната седница го разреши поранешниот премиер Владо Бучковски од должноста специјален претставник во преговорите помеѓу Македонија и Бугарија, потврдила владината прес-служба за Сител.

Ваквата точка поминала како дел од дневен ред за кадровски прашања, но притоа не се наведени причини за разрешувањето.






Инаку, владата на Зоран Заев на крајот на 2020 година го именуваше Бучковски за специјален претставник во преговорите со Бугарија во време кога се отвори спор меѓу двете земји притоа кон крајот на 2021 владата му го продолжи мандатот како олеснувач на дијалогот меѓу двете земји.

Поврзани содржини