БУЈАР ОСМАНИ ЖИВЕЕ ВО ДИВОГРАДБА ВО ЧАИР И ЗАТОА ДУИ МОЛЧИ Интегративците се кријат зад Арсовска и ја користат за изборите, вели Меџити

По тоа што го кажува Данела, треба таму да се рушат згради и да се остават стотици луѓе без домови, да се влечат по судови. Не дава никакво решение, таа нема морално право да зборува затоа што четири години нема направено ништо за Чаир, вели вицепремиерот Изет Меџити.

1,556

Жално е што ДУИ дојде до вакво дереџе што кога се работи за Чаир се крие зад Данела Арсовска и таа е искористена и злоупотребена од Блерим Реџепи и другите, наместо да се занимава со градот, јавните претпријатија, чистотата, со водата, градоначалничката се занимава само со Чаир, вели министерот за животна средина и просторно планирање Изет Меџити.

Тој во интервју за Канал 5 истакна дека градоначалничката на Скопје Данела Арсовска не понудила никакво решение за проблемот со дивоградбите.






– По тоа што го кажува Данела, треба таму да се рушат згради и да се остават стотици луѓе без домови, да се влечат по судови. Не дава никакво решение, таа нема морално право да зборува затоа што четири години нема направено ништо за Чаир. Ние ѝ обезбедивме средства како Влада, само требаше да го тераат проектот Цветан Димов, но немаше волја од неа. Еве во моментов таа покажува дека е антиалбански и анти-Чаир насторена, зошто не се занимава со градбите во другите населби, зошто не се занимаваат со нејзиниот партнер во власта во Скопје? И посочениот кандидат Бујар Османи живее во дивоградба и затоа тој не може да зборува за дивоградбите, туку се скриени зад Данела, за да ја искористат во текот на кампањата. На сите веќе им е јасно зошто ДУИ не зборува за бесправната градба во Чаир – рече Меџити.

Тој додаде дека истрагата ќе покаже кој е виновен во врска со физичкиот напад врз градоначалничката, но рече и дека на снимката се гледало кој кого удира.

– Не е точно дека е командантот, туку е неговиот брат, кој не е командант, работел во Паркови и зеленило и од политички побуди му поништила решение и после три четири дена му оди пред домот. Но, ова само покажува до кое дереџе е дојдена Демократската унија за интеграција – рече Меџити.

 

Поврзани содржини