БУЈАР ОСМАНИ ОФИЦИЈАЛНО Е КАНДИДАТ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК НА ЧАИР Од Европскиот фронт ќе има кандидати и од двете крила на Алијанса на Албанците

Бајрам Реџепи ќе биде кандидат на коалицијата за градоначалник на Тетово на претстојните локални избори, соопшти ДУИ.

275

Поранешниот министер за надворешни работи и портпарол на Демократската унија за интеграции Бујар Османи ќе биде кандидат на Европскиот фронт за градоначалник во скопската општина Чаир, додека Бајрам Реџепи ќе биде кандидат за градоначалник на Тетово на претстојните локални избори.

Ова беше соопштено денеска по 21. седница на Централното претседателство на ДУИ, што се одржа во Тетово.






Освен ДУИ, кандидати за градоначалници во коалицијата Европскиот фронт имаат и Алијанса на Албанците предводена од Зијадин Села, како и другото крило на оваа партија, предводено од Арбен Таравари.

Бујар Османи беше и кандидат за претседател на Македонија на последните претседателски избори што се одржаа во април 2024 година.

Поврзани содржини