„БРЗИ И БЕСНИ“ ПО МАКЕДОНСКИТЕ ПАТИШТА Полицијата само вчера казни 800 возачи за брзо возење

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта“, велат од МВР.

194

Од Министерството за внатрешни работи информираа дека само во текот на вчерашниот ден биле санкционирани 800 несовесни возачи кои со возилата ја пречекориле дозволената брзина на територијата на целата држава.

„Од санкционираните 800 возачи од нив 44 се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а шест возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 506 возила ја пречекорилe брзината во населено место, а 294 надвор од населено место“, соопштуваат од МВР.






Оттаму додаваат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

„Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта“, велат од МВР.

Поврзани содржини