БРЗАТА ПРУГА ВО ФОКУСОТ НА СРЕДБИТЕ НА НИКОЛОСКИ ВО ЛОНДОН Се разговарало и за инвестициите во обновливи извори и во здравството
На средбата со претставници на Националната агенција за извозно финансирање - УКЕФ денеска во Лондон покрај Николоски, учествуваа и ресорни министри од Србија, Црна Гора, Косово, Босна и Херцеговина и Албанија.
Изградбата на брзата пруга како проект од национално и регионално значење што се реализира со огромна поддршка на Обединетото Кралство преку финансиска поддршка како и пренесување на експертско знаење и практики, ја акцентирал заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски на средбата со претставници на Националната агенција за извозно финансирање – УКЕФ денеска во Лондон.
Како што соопшти Министерството за транспорт, на состанокот се разговарало за поддршката што ја овозможува УКЕФ кон земјите од Западен Балкан во делот на обновливите извори на енергија, транспортот и здравството.
Николоски ги потенцирал националните стратешки планови на Македонија за развој и модернизација на инфраструктурата со посебен акцент на регионалното поврзување на патната и железничката мрежа, како и политиките за зелена транзиција. Посебен фокус ставил на изградба на брзата пруга како проект од национално и регионално значење што се реализира со огромна поддршка на Обединетото Кралство преку финансиска поддршка како и пренесување на експертско знаење и практики.
– Македонија е пример како соработката со УКЕФ влијае врз регионалниот економски развој – рекол Николоски на средбата.
Притоа додал и дека Обединетото Кралство е стратешки партнер на Македонија во развојот на земјата и во тој контекст соработката се насочува кон поддршка на економскиот и општествениот развој, стои во соопштението на Министерството за транспорт.
Исто така биле разменети информации за соработката меѓу Македонија и Обединетото Кралство во насока на поддршката што ја обезбедува оваа Агенција во рамки на нејзините државни политики.
На средбата покрај вицепремиерот Николоски, учествуваа и ресорни министри од Србија, Црна Гора, Косово, Босна и Херцеговина и Албанија.