БРУТАЛНО ПРЕТЕПАН ВОДИТЕЛ НА БИГ БРАДЕР ВО АЛБАНИЈА На интензивна нега е, може да го изгуби видот
Елтон Тозај е познат албански новинар и ТВ‑водител, кој активно работел како коментатор во студиски емисии за реалити‑шоуа, вклучително и Биг Брадер ВИП. Од полицијата засега нема информација околу настанот, ниту пак е познат мотивот на напаѓачите.
Познат албански ТВ-водител Елтон Тозај бил нападнат и брутално претепан синоќа околу 19:30 часот на автопатот Тирана-Драч, под околности кои сè уште остануваат вознемирувачки и нејасни, објавија албанските медиуми, пренесе МИА.
Според информациите објавени од неговото семејство, на неговиот профил на социјалните мрежи, новинарот бил брутално нападнат од неколку лица. Насилниците на Тозај му нанеле сериозни физички повреди.
„Семејството објави дека Елтон Тозај моментално е во сериозна здравствена состојба и е на интензивна медицинска нега. Според нив, ситуацијата е деликатна, бидејќи новинарот се бори да не го изгуби видот, што го прави овој настан уште поалармантен“, наведуваат медиумите.
Од полицијата засега нема информација околу настанот.
Елтон Тозај е познат албански новинар и ТВ‑водител, кој активно работел како коментатор во студиски емисии за реалити‑шоуа, вклучително и Big Brother VIP. Тој се појавувал како аналитичар, дискутирајќи за настаните и однесувањето на учесниците, што го направило добро познато лице во албанскиот шоубиз. Покрај тоа, Тозај се нашол во контроверзни ситуации, вклучувајќи правни спорови со други јавни личности. Активен е како блогер и инфлуенсер, и познат е по своите коментари за актуелни настани и личности во јавниот живот на Албанија.