БРУТАЛНИ ТЕПАЧКИ НА УЧЕНИЦИ ВО ПОВЕЌЕ УЧИЛИШТА Во една од нив се вклучил и родител
Серија врснички тепачки во училишта низ земјава се случиле вчера. Во еден од случаите, во насилството се вмешал и родител.
Родител од Скопје пријавил дека неговата малолетна ќерка била физички нападната од две соученички во општина Аеродром, а трета малолетничка го снимала целиот настан со мобилен телефон.
Истиот ден, полицијата добила пријава од друг родител, кој тврди дека таткото на девојче кое било нападнато од неговата ќерка физички ја нападнал ќерка му во знак на одмазда.
Во реонот на Бит Пазар во Скопје, 16-годишно момче било брутално претепано од четворица други малолетници.
Пријавено е физичко насилство и во основно училиште во скопско Ѓорче Петров, каде што ученик нападнал свој соученик.
Полицијата во Пробиштип веќе поднесе кривична пријава против 19-годишниот А.П. кој физички нападнал 17-годишник по претходна расправија.
Во Кочани, пак, мајка пријавила дека нејзиниот син бил физички нападнат од тројца малолетници директно во соблекувалната на спортската сала во локално основно училиште.