📽 БРУТАЛЕН НАПАД ВРЗ РУСКИ АЕРОДРОМ Одекнаа 60 експлозии во Ростовската област
Воениот аеродром се наоѓа на 3 километри југозападно од градот Морозовск. На аеродромот се стационирани борбени авиони Су-24, Су-24М и Су-34. Украинците уште во декември се обидоа со беспилотни летала да го нападнат споменатиот аеродром, каде што се стационирани авионите кои оперираат на боиштето во Украина.
Украинците во текот на ноќта со дронови го нападнаа воениот аеродром Морозовски во руската област Ростовска. Според „Украинска правда“ очевидци забележале бројни дронови на небото и изброиле повеќе од 60 експлозии. По нападот голем број области останаа без електрична енергија.
Василиј Голубев, гувернерот на Ростовската област, потврди дека се случил „напад од големи размери“ во округот Морозовски. Тој објави дека руските противвоздушни сили уништиле повеќе од 40 цели. Голубев потврди дека во нападот е оштетена трафостаницата и дека уште трае оштетувањето.
🔥🔥🔥 The Morozovsk airfield in the Rostov region of Russia 🇷🇺 got lit-up tonight.
🇷🇺 SU-34s are concentrated there & are regularly used to attack Ukraine 🇺🇦. pic.twitter.com/Wo4uysdLXS
— Jason Jay Smart (@officejjsmart) April 5, 2024
Воениот аеродром се наоѓа на 3 километри југозападно од градот Морозовск. На аеродромот се стационирани борбени авиони Су-24, Су-24М и Су-34. Украинците уште во декември се обидоа со беспилотни летала да го нападнат споменатиот аеродром, каде што се стационирани авионите кои оперираат на боиштето во Украина.
На социјалните мрежи се појавија неколку видеа на кои се гледа како руски системи соборуваат украински беспилотни летала. И покрај ова, се чини дека најмалку две беспилотни летала погодиле некои од целите, проследени со експлозии.