БРУЦОШИ ПОБРЗАЈТЕ! Електронското пријавување за сместување во студентските домови истекува за неколку дена
Конечниот список со примени студенти ќе биде објавен на 30 септември 2022 година на огласните табли во студентските домови и на веб-страницата на Министерството за образование и наука.
Министерството за образование и наука информира дека во тек е аплицирање за сместување во студентски домови за студентите од прва година на студии. Аплицирањето се врши електронски, преку порталот e-uslugi.mon.gov.mk, а крајниот рок е 16 септември 2022 година.
-Потребните документи за бруцошите се наведени во конкурсот, кој е објавен на посочениот портал и од каде треба да се симнат, пополнат и повторно прикачат во апликацијата, се наведува во соопштението.
Конечниот список со примени студенти ќе биде објавен на 30 септември 2022 година на огласните табли во студентските домови и на веб-страницата на Министерството за образование и наука www.mon.gov.mk.