БРОНЗАТА Е МЕДАЛ ЗА МАРАТОН, НО НЕ И ЗА ИЗБОРИ Перо Камиказа им се заблагодари на сите што гласале за него
Во вториот круг од овие избори, главната битка ќе ја водат Данела Арсовска која е поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, како и актуелниот градоначалник на град Скопје, Петре Шилегов.
На својот Фејсбук профил се огласи кандидатот на Левица за градоначалник на Град Скопје, Петар Георгиевски – Камиказа, кој упати благодарност до сите кои му дадоа поддршка на овие локални избори.
– Бронзата е медал за на маратон, но не и за избори. Во благодарам за поддршката и искрените намери. Нека победи подобрата или подобриот – напиша Георгиевски.
Во вториот круг од овие избори, главната битка ќе ја водат Данела Арсовска која е поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, како и актуелниот градоначалник на град Скопје, Петре Шилегов.
Според последните податоци објавени на страната на ДИК од обработени 96,39% од гласачките ливчиња Арсовска во моментов има 83.037 или 37,52% од гласовите, додека Шилегов има 34,43% или 76.200 гласови и ќе ја водат битката за градоначалничката функција во вториот круг.
На третото место е Петар Георгиевски од Левица со 19.549 или 8,86% од гласовите.