Брокеншир: Обидот на руските хакери да украдат истражувања за ковид-19 е неприфатлив

Британскиот Национален центар за кибер безбедност вчера соопшти дека хакерите поддржани од Русија се обидоа да украдат истражување за вакцината и третманот на вирусот ковид-19 од академски и фармаколошки институции ширум светот, што Русија го негираше

269

Британскиот министер за безбедност, Џејмс Брокеншир денеска оцени дека обидот на руските хакери да украдат истражувања за вирусот ковид-19 е целосно неприфатлив.

Тој додаде дека, сепак, тој обид не предизвикал материјална штета.






Сосема е неприфатливо за руската разузнавачка служба да се обиде да влезе во системите на оние кои бараат одговор на кризата и развиваат вакцина. Засега нема докази или информации за каква било штета – изјави Брокеншир за Скај њуз.

Британскиот Национален центар за кибер безбедност вчера соопшти дека хакерите поддржани од Русија се обидоа да украдат истражување за вакцината и третманот на вирусот ковид-19 од академски и фармаколошки институции ширум светот, што Русија го негираше.

Поврзани содржини