Брок: Проширувањето на ЕУ не е одложено
Поранешниот европратеник смета дека сите историски дебати мора да се надминат, а Северна Македонија и Бугарија мора да се обидат да најдат разбирање и некакво решение од заеднички интерес.
Проширувањето на ЕУ не е одложено бидејќи е од заеднички интерес за сите страни. Земјите од Западен Балкан можат да добијат стабилност, економски и социјален напредок само како дел од ЕУ. Но, од друга страна ако ја погледнете историјата на нашиот континент, геополитичката ситуација исто така е од голем интерес на ЕУ да дојде до договор, за земја по земја да станат дел од ЕУ, изјави поранешниот европарламентарец Елмар Брок во интервју за ТВ Канал 5.
Според него, сите историски дебати мора да се надминат, а Северна Македонија и Бугарија мора да се обидат да најдат разбирање и некакво решение од заеднички интерес.
– Од двете страни мора да се најде разбирање. Никој не блокирал никого, но во исто време никој не смее да вели дека има луѓе со мојот идентитет во другата земја, двете, и С Македонија и Бугарија, го направија тоа во минатото – заклучи Брок.
Тој се надева дека Комисијата за историја ќе има позитивна и конструктивна улога и можеби, како што рече, од историска гледна точка ќе биде прифатена помош од други независни извори.
Тој смета дека членството во ЕЕЗ не е алтернатива, но е чекор кон интеграција во ЕУ.