БРОЈОТ НА ЖРТВИ ОД ЗЕМЈОТРЕСОТ СЕ ИСКАЧИ НА 34.000 Спасувачите трагаат по живи луѓе под урнатините

Околу 148.000 луѓе досега се евакуирани од регионите погодени од земјотресите, соопшти турската Агенција за управување со катастрофи и вонредни состојби.

77

Најмалку 29.605 луѓе загинаа во двата разорни земјотреси што ги потресоа јужните региони на Туркије во понеделникот, соопшти турската Агенција за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД), јави агенцијата Анадолија.

Според податоците на АФАД, повеќе од 233.000 луѓе се вклучени во акциите за претрага и спасување на теренот.






„Околу 148.000 луѓе досега се евакуирани од регионите погодени од земјотресите“, соопшти АФАД.

Турскиот Парламент во четвртокот прогласи тримесечна вонредна состојба за да ги забрза напорите за помош и да го одржи јавниот ред.

Во овие земјотреси што силно ги потресоа и северните делови на Сирија, животот го загубија најмалку 4.574 лица, а над 5.200 се повредени.

Два разорни земјотреси, првиот со интензитет од 7,7 степени по Рихтер, во понеделникот наутро во 4.17 часот по локално време, со епицентар во округот Пазарџик, и вториот во 13.24 часот, со интензитет од 7,6 степени по Рихтер, со епицентар во местото Елбистан, ги потресоа јужните делови на Турција и северот на Сирија. Епицентрите на земјотресите се регистрирани во турската област Кахраманмараш.

Поврзани содржини