БРОЈОТ НА ЗАГИНАТИТЕ НАДМИНА 11.000 Од земјотресите се загрозени 13,5 милиони луѓе

Турската Управа за катастрофи ја потврди смртта на повеќе од 8.500 луѓе, а бројот на повредените се искачи на 38.100 луѓе.

216

Бројот на загинатите во катастрофалниот земјотрес во Туркије и Сирија се искачи на 11.000 луѓе, но властите во двете земји очекуваат далеку повисок црн биланс. Илјадници луѓе остануваат заробени под урнатините.

Турската Управа за катастрофи ја потврди смртта на повеќе од 8.500 луѓе, а бројот на повредените се искачи на 38.100 луѓе. Во Сирија, земја уништена од 11-годишната граѓанска војна, загинати се уште најмалку 2.500 луѓе.






Повеќе од 79.000 луѓе се ангажирани во операциите за пребарување и спасување, но во потрагата се попречени од суровите зимски услови.

Турските власти велат дека од земјотресот се погодени околу 13,5 милиони луѓе на површина од 450 километри, од Адана на запад до Дијарбакир на истокот на земјата.

Семејства во јужна Турција и Сирија ја минаа и втората ноќ под отворено небо на смрзнувачки температури, додека спасувачките екипи се во трка со времето да извлечат што е можно повеќе настрадани од под урнатините кои ги остави разорниот земјотрес. Бројката на загинати во Турција и Сирија се искачи на 11.000 луѓе, но се стравува дека конечната ќе биде далеку повисока.

Поврзани содржини