📷 БРОЈKATA НА ЗАГИНАТИ ВО ЗЕМЈОТРЕСОТ ВО МЈАНМАР ПОРАСНА НА 144 Хунтата бара помош од „секоја земја и од секоја организација“

Потресот беше почувствуван и во соседен Тајланд кадешто најмалку три лица загинаа при уривање на висококатница во изградба во главниот град Бангкок. Спасувачите трагаат по уште 81 лице затрупано во урнатините.

1,430

Шефот на мјанмарската хунта изјави дека најмалку 144 луѓе загинале, а 732 се повредени во големиот земјотрес што ја погоди земјата.

Мин Аунг Хлаинг рече дека очекува бројката да се зголеми и дека ја поканува „секоја земја, која било организација“ да помогне во напорите за помош. Ова е редок пример изолираната хунта во Мјанмар да побара помош, јавува „Гардијан“.






Силниот земјотрес со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала го погоди центарот на Мјанмар во 13 часот и 20 минути по локално време на длабочина од 10 километри. Неговиот епицентар бил на околу 17,2 километри од Мандалај, вториот по големина град во Мјанмар.

 

Потресот беше почувствуван и во соседен Тајланд кадешто најмалку три лица загинаа при уривање на висококатница во изградба во главниот град Бангкок. Спасувачите трагаат по уште 81 лице затрупано во урнатините.

На страната на Мјанмар на границата, очевидци и локални медиуми соопштија дека луѓе биле убиени во градот Мандалај и градовите Тунгу и Аунгбан.

Стотици жртви се пренесени во болница во главниот град Најпидау, а повредените се лекуваат надвор поради оштетување на зградата.

Иако допрва ќе се разјанува колкави штети се направени во Мјанмар, снимките на социјалните мрежи што се појавија од централните региони покажуваат дека повеќе згради се урнати или се оштетени.

Поврзани содржини