📽 БРОЈКАТА НА ЗАГИНАТИ МОЖЕ ДА СЕ ИСКАЧИ ДО 10.000 Сателитските снимки ја покажуваат штетата направена во Либија
Тарик ал-Караз, претставник на владата, рече дека цели населби биле однесени и многу тела биле однесени од морето. Тој додаде дека очекува бројот на загинати да се искачи на повеќе од 10.000. Истата бројка ја спомна и Меѓународната федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина.
Над 5.000 луѓе загинаа, а 10.000 се водат како исчезнати откако обилните дождови во североисточна Либија предизвикаа уривање на две брани, испраќајќи повеќе вода во веќе поплавените области. Сателитските снимки покажуваат како градот Дерна од сина оаза, каков што бил во август, станува непрепознатлив по поплавата.
Тарик ал-Караз, претставник на владата, рече дека цели населби биле однесени и многу тела биле однесени од морето. Тој додаде дека очекува бројот на загинати да се искачи на повеќе од 10.000, пишува Гардијан. Истата бројка ја спомна и Меѓународната федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина.
Тамер Рамадан, шеф на делегацијата на Меѓународната федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина во Либија, рече дека бројот на загинати е огромен.
Here’s the first post-event high-resolution satellite image of the port city of Derna.
Libya’s 9/11. pic.twitter.com/HirE59i1Bn
— Nahel Belgherze (@WxNB_) September 12, 2023
Heartbreaking to see the havoc caused by flash floods in Libya. Its yet another stark reminder of the urgent need for global action on climate resilience and preparedness.
#LibyaFloods #ClimateAction #Libya #Libye #LibyaFlood pic.twitter.com/dmu8Gs87iV— مزمل حسین (@Muxammilhusain) September 12, 2023
Во источниот град Дерна, кој претрпе најголемо уништување, дури 6.000 луѓе сѐ уште се водат како исчезнати, изјави за либиската телевизија Алмасар Отман Абдулџалил, министер за здравство во источната администрација на Либија.
Обиколувајќи го градот Дерна, министерот ја нарече ситуацијата „катастрофална“.
– Болниците во Дерна повеќе не работат, а мртовечниците се полни – изјави Осама Али, портпарол на службата за брза помош.
Телата биле оставени пред мртовечниците на тротоарите, додаде тој за Си-Ен-Ен.
– Нема служби за итни случаи. Луѓето во моментов работат на собирање на телата – рече Анас Баргати, лекар кој моментално волонтира во Дерна.