Бројката на хоспитализирани секојдневно расте, над 1.300 лица се лекуваат во ковид центрите
Вкупно 578 лица сомнителни и потврдени за ковид -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град, информира Министерството за здравство.
Во ковид центрите во болниците низ земјава во изминатите 24 часа е пријавено дека се лекуваат вкупно 751 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот. Во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 59 нови пациенти. Вкупно 578 лица сомнителни и потврдени за ковид -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град, информира Министерството за здравство.
По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 77 пациенти позитивни и суспектни на ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 55 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 31 пациент, во Велес се лекуваат 62 болни, а во Куманово 104 пациенти позитивни и суспектни на ковид-19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 92 пациенти, во Прилеп 119, во ковид центарот во Гостивар 35, а во Струга 20 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 45 пациенти, во Кочани 9 во Кичево 10, Кавадарци 72, а во Гевгелија 20 лица, позитивни и суспектни на корона вирусот.
Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1.329 и има околу 300 празни болнички кревети во ковид центрите.
Во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 59 нови пациенти.
Во последното деноноќие, на интерните клиники имало 29 приеми. Во ковид центарот во ГОБ „8 Септември“ имало девет нови приеми на пациенти и еден бил примен на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле биле примени четири пациенти.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 21 оздравени пациенти.
Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 23 пациенти, на Клиниката за неврологија 23 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 16 пациенти со симтоми на корона вирусот.
Во моментов во ковид центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваат 262 пациенти.
Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 121 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 133 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 36 пациенти. На ГАК има хоспитализирани седум ковид позитивни пациентки.
Вкупно 578 пациенти потврдени и сомнителни за ковид- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.
Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 45 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.
Сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени.