Брнабиќ: Над 1.200 евра казна за лицата што не ја почитуваат мерката за изолација

Брнабиќ кажа дека утре ќе се разгледува одлуката дали на оние со над 65 години ќе им биде изречена целосна забрана за излегување од дома.

171

Српската премиерка Ана Брнабиќ, по состанокот на Кризниот штаб изјави дека Владата ќе донесе дополнителни мерки, бидејќи ситуацијата со граѓанската дисциплина е загрижувачка, јави дописникот на МИА од Белград.

– На седница на Владата ќе ги заостриме мерките во врска со работењето на кафулињата и рестораните, односно бројот на луѓе кои се во нив, по квадратен метар по лице. Ќе ги затвориме сите шалтери во јавната администрација, на локално и на републичко ниво – изјави премиерката, додавајќи дека сите документи, чиј рок истекнува, ќе продолжат да важат се до истекувањето на вонредната состојба.






Брнабиќ кажа дека утре ќе се разгледува одлуката дали на оние со над 65 години ќе им биде изречена целосна забрана за излегување од дома.

Таа истакна дека за оние кои ја нарушуваат мерката изолација, следува казна од 150.000 динари (1.275 евра).

Српската премиерка изјави и дека ќе биде забранет извозот на сите лекови од Србија .

– Владата ќе донесе заклучок со кој ќе се ограничи купувањето заштитни маски, не повеќе од 10, десет ракавици, две поголеми средства за дезинфекција, пет помали – нагласи Брнабиќ.

Поврзани содржини