Брнабиќ: До утрово вакцинирани се 50.000 граѓани, лекарите од Северна Македонија може да се вакцинираат во Србија
Премиерката на Србија Ана Брнабиќ во гостување во емисијата „Добро утро Србијо“на Хепи ТВ зборувала за жешките теми, кои ги интересираат граѓаните, јавува Happytv.rs.
– Имаме договор, премиерот на Северна Македонија Зоран заев и српскиот претседател Александар Цучиќ разговарале. Вучиќ одлучи да им помогнеме со 8.000 вакцини. Помагаме „Фајзеровите“ вакцини да се регистрираат во Северна Македонија. Работиме со нив. Проблем може да биде тоа што тие ги добиле вакцините на „Фајзер“, но не се регистрирани. Не е поентата само да се купат вакцините, туку зад завесите постојат уште многу работи. Регистрација од страна на релевантна агенција, план за вакцинирање. Ние сме една од ретките земји кои имаат адекватен информациски ситем. Нашите граѓани знаат како да се пријават за вакцина, се е транспарентно. Слушав приказни од луѓе од други земји кои велат дека немаат претстава како да се пријават, кој им се приоритетните групи вели Брнабиќ
Таа информира дека утрово во 8.30 часот ја надминале бројката од 50.000 вакцинирани луѓе.
Брнабиќ изрази уверување дека вакцината од ЕУ ќе дојде не само во Србија, туку и на целиот Балкан, потсетувајќи колку е тешка ситуацијата за борбата за вакцините.
– Србија помага и во регистрирањето на вакцините во Северна Македонија и на таа соседна земја и е понудено лекарите од црвената зона да дојдат во Србија и да се вакцинираат тука – кажа Брнабиќ.