БРКОТНИЦИ И ПУКОТНИЦИ НИЗ КАРПОШ Полицијата брка лице со црвени панталони

Како што потврдило Министерството за внатрешни работи (МВР) за Канал 5, полицајците бркале лице облечено во црвени панталони, кое претходно ограбило маркет на улица Драгиша Мишовиќ.

4,563

Пукотници од огнено оружје вечерва се слушале во скопската населба Карпош во близина на болницата „8 Септември“, а околу т.н. руски згради се одвивала бркотница со полициски возила.

Како што потврдило Министерството за внатрешни работи (МВР) за Канал 5, полицајците бркале лице облечено во црвени панталони, кое претходно ограбило маркет на улица Драгиша Мишовиќ.






„Полициски службеници спроведуваат акција за приведување разбојник, кој според пријавеното, околу 21 часот извршил кривично дело разбојништво во маркет на ул. Драгиша Мишовиќ. Полицијата трага по лице во близина на т.н. руски згради кај болницата ‘8 Септември’, информираше МВР, пренесе Канал 5.

Поврзани содржини