БРИЖИТ МАКРОН НЕ Е МАЖ Францускиот суд ги ослободи жените што ги ширеа гласините

2,135

Апелациониот суд во Париз ги ослободи две Французинки, обвинети за ширење гласини дека првата дама на Франција, Брижит Макрон, е всушност родена како маж. Судот донесе ослободителна пресуда по сите 18 точки од тужбата за клевета поднесена од Брижит и нејзиниот брат Жан-Мишел Троње, јавува весникот Le Monde.

Наташа Реј и Амандин Рој во 2021 година ја објавија теоријата на заговор во четиричасовно интервју на YouTube, во кое тврдеа дека вистинската Брижит никогаш не постоела, и дека нејзиниот брат всушност го презел нејзиниот идентитет по наводна промена на пол. Тие објавија и фотографии, лични податоци, па дури и шпекулираа за нејзините деца и медицински интервенции.






Во септември 2023 година, на првостепениот суд, двете беа прогласени за виновни и осудени на условна парична казна од по 500 евра и вкупна отштета од 13.000 евра. Но, Апелациониот суд сега ја поништи таа пресуда, повикувајќи се на начелото на „добра намера“.

„Наташа Реј беше гонета и осудувана. Но, на крајот, таа е ослободена“, изјави нејзиниот адвокат Франсоа Данглент.

Адвокатот на Брижит Макрон, Жан Еноки, најави дека ќе се разгледаат следните чекори, бидејќи семејството не е согласно со пресудата.

Брижит Макрон ќе бара правда пред Касациониот суд во Франција, пишува Дејли меил.

Сопругата на Емануел Макрон не присуствуваше на изрекувањето на одлуката на судот по жалбата поднесена од Рој и Реј, бидејќи се враќа од државна посета на Велика Британија.

Инспирација за гласините делумно беше и книгата „Becoming Brigitte“ од францускиот автор Ксавије Пусар, кој досега не е тужен од семејството Макрон.

Поврзани содржини