БРИТНИ СПИРС ОБЈАВИ МИСТЕРИОЗНА ФОТОГРАФИЈА „Ја спасувам својата божествена сестра“
„Оваа слика е сè! Плачам … Ја спасувам својата божествена женска сестра. Предлагам ако имате пријател кој е затворен во многу мала куќа четири месеци … Нема автомобил … Нема телефон. Нема врата за приватност и мора да работи околу 10 часа дневно, седум дена во неделата и да дава тони крв неделно без слободен ден … Ви предлагам да одите кај пријателот и заедно да ги испратите сите во пеколот“, напиша Бритни.
Голготата околу старателството на Бритни Спирс е при крај, но има уште драма која останува неразрешена. Додека се чека официјално судски да се укине старателството кое нејзиниот татко Џејми 13 години го имаше над нејзе, пејачката објави чудни фотографии од својата двојничка, или „божествена сестра“, која таа ја спасува, a некои сметаат дека тоа навистина е нејзината помлада сестра Џејми Лин, пишува Индекс.
Еве ја чудесната подводна фотографија.
View this post on Instagram
Имено, пејачката објави фотографија од две девојки, од кои едната лежи на душек, а другата лебди над неа.
„Оваа слика е сè! Плачам … Ја спасувам својата божествена женска сестра. Предлагам ако имате пријател кој е затворен во многу мала куќа четири месеци … Нема автомобил … Нема телефон. Нема врата за приватност и мора да работи околу 10 часа дневно, седум дена во неделата и да дава тони крв неделно без слободен ден … Ви предлагам да одите кај пријателот и заедно да ги испратите сите во пеколот“, напиша Бритни.
А потоа, за прв пат по долго време го спомена своето семејство:
„Ако сте како моето семејство кое ви кажува работи во стилот на „Извини, ти имаш старател … Тие веројатно мислат дека си различен и дека затоа можат да се з*ебавам со тебе! За среќа, најдов неверојатен адвокат кој ми го промени животот“, напиша пејачката на Инстаграм.
И фановите беа воодушевени од оваа објава, а многумина веруваат дека Бритни ѝ се обратила на својата „сестра“.
„Џејми Лин ти зборува“, „Те сакаме Бритни, среќни сме што можеш да ја кажеш својата вистина“, „Тужи ги сите“, „Жал ми е што помина низ сето ова. Заслужуваш подобро семејство”, „Сè е јасно кога Џејми Лин ѝ забрани да биде означена под овој пост“, се некои од коментарите.
Имаше и такви кои веруваат дека ова е првпат Бритни да се обрати на Инстаграм.
„Ова е првиот пост што мислам дека го напиша Бритни и јас сум многу среќна за неа“, напиша една од незјините следбенички и многумина се согласија со неа.
Да потсетиме, судијката Бренда Пени издаде наредба, таткото на Бритни, Џејми Спирс да биде суспендиран од позицијата старател.
– Сегашната ситуација не е одржлива – рече судијата на сослушувањето, додавајќи дека сегашниот аранжман создава „токсична средина“.
Метју Розенгарт, адвокат на Бритни Спирс, побара расправата за целосно раскинување на договорот за старателство да се одржи во рок од 30 до 45 дена. Тој, исто така, повика на истрага за однесувањето на Џејми Спирс за време на притворот и го доведе во прашање неговото управување со имотот на Бритни Спирс.