Британската авиокомпанија, Бритиш Ервејз која како и останатите е во голем минус поради последиците од пандемијата на коронавирусот, најави интернет продажба.
Ќе продава луксузни прибори за јадење, садови, козметички прибор, количка и останати предмети од авионите, настојувајќи да ги задржи својте клиенти во период кога патуваат многу малку луѓе.
Меѓу понудените предмети на интернет страницата компанијата нуди и чаши за шампањац, садови и прибор кој се користи во првата класа, папучи и прекривки кои, како што поишува во соопштението авио-превозникот на купувачите ќе им овозможи да се потсетат на волшебното искуство на летање и во сопствениот дом, пишува хрватски Индекс.
Колекционерите може да купат и предмети кои се користат во Боинг 747, како количка. За да ги надополнат загубите и да ја подобрат финансиската ситуација на која жестоко влијаела пандемијата на коронавирусот, авио-компанијата уште на почетокот на годината ги продала уметничките дела вредни милиони фунти.