БРИТАНСКИТЕ ВОЈНИЦИ БУКВАЛНО ЌЕ МОЖАТ ДА ЛЕТААТ Футуристичко одело лебди 3.500 метри над земјата (ВИДЕО)
Оделото има пет гасни турбини и може да лета со брзина од 120 километри на час. Ова е првпат вакво одело да биде направено за војска, иако многу ентузијасти во светот сами прават вакви панцири и оклопи.
Ново футуристичко летачко одело со пет турбини на гас ќе можат да користат британските војници и да летаат на 3.500 метри над земјата со брзина до 120 километри на час, пишува ДејлиМејл. Видете како изгледаше првиот лет на војник во светот:
Ричард Браунинг, основач на Gravity Industries, често нарекуван „вистинскиот Железен човек“ поради неговите изуми, го тестираше своето одело на собирот „Army People Conference“ во Фарнборо. Во текот на летањето, Браунинг полета слета на хаубата на блискиот џип и на покривот на кабината на камионот пред да одлета на еден балкон полн со воени набљудувачи.
Многумина од присутните ја искористија можноста да се фотографираат со сега познатиот „Jet Man“ во акција.