Британскиот сој на ковид-19 ќе биде доминантен во светот, вакцините се ефикасни

Професорката Пикок потврди за Би-Би-Си дека новиот вид кој ја зафатил Велика Британија ќе се прошири во цел свет, а досега е потврден во над 50 земји.

333

Британската експертка Шерон Пикок смета дека новиот вид на коронавирусот кој е првпат откриен во Кент, ќе стане доминантен вид на вирусот во светот и засега сите вакцини регистрирани во земјата покажале ефикасност против истиот.

Професорката Пикок потврди за Би-Би-Си дека новиот вид кој ја зафатил Велика Британија ќе се прошири во цел свет, а досега е потврден во над 50 земји.






Таа смета дека најголем проблем со оваа мутација е нејзиното брзо ширење.

Пикок додаде дека вакцините кои се одобрени за употреба во Велика Британија добро делуваат против постоечките верзии на вирусот во земјата и нормално е тој да мутира, а многу мал број од тие мутации имаат посебни карактеристики, што го прави вирусот попренослив, имун на вакцините или потенцијален предизвикувач на сериозни болести.

– Би рекла дека тоа ретко се случува, но мора да внимаваме – истакна Пикок.

Би-Би-Си наведува дека оваа изјава доаѓа како дополнителна потврда на препораките на Светската здравствена организација за употреба на вакцината на „АстраЗенека“ дури и во државите кои се борат против новиот вид на коронавирус.

Поврзани содржини