Британскиот министер за здравство: Индискиот вид е за 40% позаразен од британскиот

Ова значи дека варијантата делта го отежнува контролирањето на вирусот во овој момент – објасни министерот.

418

Британскиот министер за здравство Мет Хенкок рече дека делта (индиската) варијантата на коронавирусот се чини дека е околу 40% позаразна од видот за прв пат регистриран во Велика Британија,

Тој додаде дека поради тоа, сè уште е можно да се одложи понатамошното укинување на мерките во Англија, кое беше планирано за 21 јуни.






Одлуката за укинување на мерките треба да биде донесена подоцна во оваа недела, пишува „Гардијан“.

– Ова значи дека варијантата делта го отежнува контролирањето на вирусот во овој момент – објасни министерот.

Научниците претходно проценуваа дека варијантата делта, прва идентификувана во Индија и позната како индиски вид, може да биде помеѓу 30% и 100% позаразна од т.н. алфа варијанта (т.н. британски вид). Но, Ханкок, на прашањето за најновите информации за вирусот, рече дека тоа е 40%.

– Ова значи дека со варијантата делта сега е потешко да се контролира вирусот. Но, што е најважно, по две дози на вакцина, ние сме заштитени скоро исто како и од претходниот вид. Значи, добрата вест е дека вакцината е сè уште исто ефективна – рече Ханкок.

Поврзани содржини