Британскиот министер за надворешни работи од денеска е во самоизолација

Доминик Раб не е позитивен и засега не е јасно дали ќе биде тестиран, но сигурно ќе биде во самоизолација 14 дена.

462

Шефот на британската дипломатија Доминик Раб, од денеска е во самоизолација откако бил во контакт со личност која е позитивна на коронавирус, пренесе Индипендент.

Како што весникот наведува, Раб не е позитивен и засега не е јасно дали ќе биде тестиран, но сигурно ќе биде во самоизолација 14 дена.






Според неименуван извор, Раб денеска бил информиран дека лицето со кое неодамна контактирал е позитивно на коронавирусот.

Изворот додал дека министерот ќе продолжи да работи онлајн.

Поврзани содржини