БРИТАНСКИОТ АМБАСАДОР ДОБИ СЕРТИФИКАТ ЗА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК Зборува на ниво Ц1 (ВИДЕО)
Неговото прво видеообраќање, како и честитката за 11 Октомври – Денот на народното востание беа на македонски јазик.
Британскиот амбасадор во земјава Метју Лосон се пофали дека положил испит по македонски јазик на ниво Ц1.
– Многу сум среќен што положив испит по македонски јазик, Ц1. Ова е доказ од Министерството. Негувајте ги вашите јазик и вашата култура – вели Лосон.
🇲🇰Одличен почеток на неделата со сертификат за положен испит по македонски јазик. Ми претставува чест и задоволство што го учам овој прекрасен јазик. pic.twitter.com/EWG2VOjIAE
— MatthewLawsonUK (@MatthewLawsonUK) October 17, 2022
Ова не е првпат новиот британски амбасадор да објави видеопорака во која зборува на македонски. Неговото прво видеообраќање, како и честитката за 11 Октомври – Денот на народното востание беа на македонски јазик.