Британски дипломат скокна во река за да спаси девојка од давење (ВИДЕО)
Таа беше во несвест, не дишеше. Но, кога се вративме на брегот, таа повторно почна да дише - изјавил Елисон за Би-Би-Си.
Британскиот дипломат Стивен Елисон е прогласен за херој откако скокнал во река во Кина за да спаси девојка која се давела.
61-годишниот Британец се шетал покрај реката во саботата наутро и ја забележал 24-годишната девојка која се лизнала и паднала во длабоката вода.
Тој веднаш скокнал во реката и успеал да ја извлече на површината.
– Таа беше во несвест, не дишеше. Но, кога се вративме на брегот, таа повторно почна да дише – изјавил Елисон за Би-Би-Си.