Британската Влада со 500.000 фунти ќе го финансира испитувањето дали кучињата можат да намирисаат ковид-19.
Истражувањето ќе го спроведат Лондонското училиште за хигиена и тропска медицина, Универзитетот Дурхам и британската фондација Кучиња за медицинска детекција.
– Кучињата за биодетекција веќе можат да препознаат одредени видови карцином. Веруваме дека ова иновација може да овозможи брзи резултати за поголема стратегија на тестирање – изјави британскиот министер за иновации Џејмс Бетхел.
Шест кучиња – лабрадори и кокер шпаниели ќе добијат примерок од мирис на пациент инфициран со ковид-19 и ќе учат да разликуваат мирис на заразени од незаразени лица.
Фондацијата наведе дека претходно ги тренирале кучињата за откривање на одредени видови на карциноми, Паркинсонова болест и маларија.
Ако кучињата успешно го поминат тренингот, едно куче би можеле да „прегледа“ 250 лица за еден час. Методот би можел да биде користен во јавните простории и аеродромите.