Британската влада направи исклучок: Во Англија ќе се игра дуелот Сити-Реал
Првиот меч е одигран на 26-ти февруари, а ренашот требаше на 17 март. Но, на крајот ќе се игра на 7-ми август.
Манчестер Сити славеше на „Бернабеу“ со 2:1 и така направи чекор поблиску до пласман во четвртфиналето од Лигата на шампионите. Но, потоа следуваше пандемија со коронавирус и прекин на сите натпреварувања.
Првиот меч е одигран на 26-ти февруари, а ренашот требаше на 17 март. Но, на крајот ќе се игра на 7-ми август. Беше прашање дали Сити воопшто ќе можеше да го нагости Реал на својот стадион, бидејќи во Велика Британија е воведен карантин од 14 дена за сите патници од Шпанија. Сепак, се ќе помине според планот.
Владата на Велика Британија донесе одлука да направи исклучок во случајот со стручниот штаб и играчите на Реал Мадрид. Па, така мечот ќе се одигра на стадионот на Манчестер Сити.