БРИТАНСКАТА ПРЕТСТАВНИЧКА ЈЕ ПРОЗИВААТ Не требало да настапува на Евровизија бидејќи ја мрази својата земја

Пејачката Меј Мулер ја претставуваше Велика Британија на овогодинешниот избор за песна на Евровизија со песната „I Wrote A Song“, но не сите беа воодушевени од овој избор.

784

Пејачката Меј Мулер ја претставуваше Велика Британија на овогодинешниот избор за песна на Евровизија со песната „I Wrote A Song“, но не сите беа воодушевени од овој избор.

Имено, многумина ја критикуваа одлуката оваа 25-годишна пејачка да ја претставува Велика Британија на Евровизија, а неодамна беше предупредена и за своето однесување, бидејќи во 2020 година на својот профил на Твитер споделила дека ја мрази Велика Британија.






Во серија објави во 2020 година, Мулер рече дека не само што ја „мрази“ Британија, туку и ја опиша конзервативната партија како расистичка и елитистичка. Тогаш изјавила и дека поднела барање за германски пасош.

Но, во саботата вечер не ѝ било сеедно што од вкупно 26 земји, како претставничка на Велика Британија се пласира на 25. место со 24 бода. Полош резултат имаа само репрезентативците на Германија. Во бекстејџот можеше да се види нејзиното разочарување откако следеа гласовите на публиката.

На овој начин таа повторно се огласи на својот твитер-профил пишувајќи дека сака да им се заблагодари на сите и дека таа и нејзиниот тим дале сѐ од себе во последните неколку месеци. Таа истакна дека не се надевале на овој резултат, но дека сепак се горди на сето она што го постигнале.

 

 

Поврзани содржини